Израелските власти објавија дека Иран стои зад нападот на израелскиот товарен брод кој пловел од саудиското пристаниште Џеда кон Обединетите Арапски Емирати.

Израелските одбранбени официјални лица, потврдувајќи ги претходните извештаи на либанската мрежа Мајадин, рекоа дека веруваат дека Иран стои зад нападот на бродот „Тиндал“, во сопственост на израелскиот бизнисмен Ејал Офер. Бродот, сепак, не пловеше под израелското знаме, ниту неговиот персонал беше израелски, рече Харец.

Според „Мајадина“, која се повикува на „сигурни“, но неидентификувани извори, по нападот избувнал пожар на бродот.

Нападот врз израелскиот трговски брод се случи претходно денеска во Индискиот океан, објави „Тајмс оф Израел“, а медиумите наведуваат дека според првите информации нема повредени, како и големи штети на бродот.

Ниту една организација не презеде одговорност за инцидентот.