Доналд Трамп инсистира Кока-Кола да користи вистински шеќер за да се подобри вкусот на пијалаците во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп побара компанијата Кока-Кола да користи вистински шеќер во пијалаците што ги продава на американскиот пазар. Ова барање доаѓа по загриженоста за здравствените последици од користењето на пченкарен сируп.
„Зборував со компанијата за користењето на шеќер во Кока-Кола во САД, и тие се согласија со тоа. Ќе видите, сега ќе биде подобра. Би сакал да им се заблагодарам на сите надлежни во компанијата“, изјави Трамп.
Портпаролот на Кока-Кола не ја потврди официјално промена на рецептот, но истакна дека ја ценат поддршката од претседателот Трамп и дека наскоро ќе објават детали за новите производи во својата палета.