Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека САД и Иран постигнале договор, со што ја потврди претходната информација објавена од Пакистан.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп напиша дека договорот со Исламската Република Иран е целосно постигнат.
„Договорот со Исламската Република Иран сега е комплетиран“, напиша Трамп.
Тој соопшти дека целосно го одобрува отворањето на Ормускиот Теснец без наплата, а истовремено и итното укинување на поморската блокада што ја спроведуваа Соединетите Американски Држави.
„Со ова целосно го одобрувам отворањето на Ормускиот Теснец без наплата и истовремено го одобрувам итното отстранување на поморската блокада на Соединетите Американски Држави“, напиша американскиот претседател.
Трамп објавата ја заврши со порака до светските бродови да ги стартуваат моторите и повторно да почне протокот на нафта.
„Бродови на светот, стартувајте ги моторите. Нека потече нафтата“, порача Трамп.
