Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е мртов, нарекувајќи го „еден од најзлобните луѓе во историјата“. Во објава на социјалните мрежи, Трамп порача дека неговата смрт претставува правда не само за иранскиот народ, туку и за Американците и за жртвите ширум светот.

„Хамнеи, еден од најзлобните луѓе во историјата, е мртов. Ова не е само правда за народот на Иран, туку и за сите големи Американци и за луѓето од многу земји низ светот кои биле убиени или осакатени од Хамнеи и неговата крвожедна банда“, напиша Трамп.

Тој додаде дека Хамнеи не успеал да ги избегне американските разузнавачки и високо софистицирани системи за следење и дека, во тесна соработка со Израел, „немало ништо што тој или другите лидери убиени заедно со него можеле да направат“.

ТРАМП ПОТВРДИ: Врховниот водач на Иран е мртов – убиен е еден од најзлобните луѓе во историјата!

Според Трамп, ова е „најголемата шанса за иранскиот народ да си ја врати својата земја“, додавајќи дека добива информации оти дел од Револуционерната гарда, војската и безбедносните сили повеќе не сакаат да се борат и бараат имунитет.

„Како што реков синоќа: Сега можат да имаат имунитет, подоцна ќе добијат само смрт“, порача Трамп во својата објава.