Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во пресрет на неговото пристигнување пред федералниот суд во Вашингтон каде што денеска ќе се изјасни за обвинението со кое се товари за обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, изјави дека му е чест што е уапсен, пренесува Слободен Печат.
„Одам во Вашингтон за да ме уапсат поради испрашување за корумпираните, наместени и украдени избори. Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Ајде да ја направиме Америка повторно голема! порача Трамп на својата платформа на социјалните мрежи.
Неколку часа пред доаѓањето на поранешниот претседател Доналд Трамп за да му биде предочено обвинение за попречување мирен трансфер на власта по претседателските избори во 2020 година, зградата на федералниот суд во Вашингтон е строго обезбедена од полицијата. Во престолнината засега е мирно со засилени безбедносни мерки.
Доналд Трамп се соочува со 78 тужби во три одделни дела за кои би можел да добие високи затворски казни. Според Политико, ако биде прогласен за винован под сите точки, и осуден на максиум рок, поранешниот претседател на С