Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека на почетокот на неделава имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Според Трамп, рускиот лидер сака да постигне договор со кој би завршила војната во Украина.

„Тој сака да постигне договор, а ако Зеленски сака да постигне договор, тоа би било многу добро“, им рече Трамп на новинарите, мислејќи на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата ја даде пред да се качи во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ и да замине за Далас, каде што треба да присуствува на Националната конвенција на Републиканците.

Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, кратко откако специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и неговиот зет Џаред Кушнер се вратија од дипломатската посета на Москва и Киев.

Виткоф и Кушнер, кои водат најголем дел од клучните американски мировни разговори, разговараа за можните предлози за ставање крај на војната.

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, минатиот месец се сретна со претставници на руските разузнавачки служби во Москва. Една од темите на средбата била и повикот за завршување на војната.

„Застојот го предизвикуваат двајца луѓе кои се мразат еден со друг“, им рече Трамп на новинарите, алудирајќи на Путин и Зеленски. Тој додаде дека, според него, нивниот меѓусебен однос е поголем проблем од сè друго.