Основниот граѓански суд Скопје донел решение со кое ќе се повтори постапката за Работничкиот дом кој со одлука на Врховниот суд треба да му биде одземан на Сојузот на синдикати на Македонија, информира попладнево претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
На прес-конференција, Трендафилов рече дека очекуваат ова прашање да се реши најбрзо што може.
До 1 мај очекуваме приоритет на постапката и нова пресуда која ќе значи враќање на предметот на повторно одлучување пред пониските судови, пред првостепениот и Апелациониот суд, или укинување на пресудата на Врховниот суд и на таков начин враќање на Работничкиот дом на работниците – рече Трендафилов.