Основна цел на тестирањето е да се проверат знаењата на учениците по два предмета – мајчин јазик и математика, велат од ДИЦ.

Пилот-тестирањето ќе опфати 4.000 третоодделенци, по што ќе се анализира во кои области треба да се подобри системот во основното образование. Резултатите од тестовите на учениците нема да влијаат врз нивните оценки, ниту пак ќе има реперкусии врз наставниците.

Третоодделенците се избрани бидејќи токму во трето одделение завршува првиот циклус од основното образование.