Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рано изутринава со полициски хеликоптер изврши извидување на трите активни пожари, информираат од ЦУК.
Најголемиот пожар е на дел од подрачјето на воениот полигон Криволак каде што утрово со дејство врз огнот започнаа еден армиски и еден полициски хеликоптер. Воените магацини се дополнително осигурани и се безбедни. На самото место на Криволак е и директорот на ЦУК Ангелов.
– Вториот пожар е нов пожар кој го забележавме за време на хеликоптерското извидување и се наоѓа во атарот на с. Калуѓерица во близина на магистралниот пат Радовиш – Струмица каде е зафатена дабова шума и постоеше можност за проширување но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш пожарот е ставен под контрола, посочуваат од ЦУК.
Третиот пожар кој е активен од вчера е во атарот на с. Требичино, во општина Василево.
– Пожарот во текот на ноќта го намали својот интезитет, чади на некои места но нема видлив активен оган. Во овој момент на самото место се екипи на ТППЕ Струмица. Доколку се разгори дополнително ќе се донесе одлука за евентуално гаснење од воздух поради непристапноста на теренот, соопштија од ЦУК.
Во состојба на подготвеност за дејство е и Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување.