Три активни пожари низ Македонија
Три пожари сè уште се активни на територијата на државата, информира Центарот за управување со кризи. Мешана шума гори во подрачјето на „Јасен“ во општина Македонски Брод, а ниска вегетација е зафатена од пожар кај Струга и во атарот на селото Могила.
Пожарот кај Радуша ставен под контрола
ЦУК соопшти дека под контрола е ставен пожарот во близина на селото Радуша, каде горела ниска вегетација.
Локализирани повеќе пожари во текот на денот
Во текот на денот биле изгаснати пожари во подрачјето на Кичево, Македонски Брод и Крива Паланка.