Граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да паркираат на сите отворени паркиралишта во Центар на 18 април (петок), 20 април (недела) и 21 април (понеделник) 2025 година. Од оваа одлука исклучок се само затворените паркиралишта „Дилајла“ и „Трготекстил“, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ).
Според програмата за неработни денови, 19 април (сабота) е регуларен работен ден, поради што на тој ден ќе се врши редовна наплата на сите паркиралишта под надлежност на ЈП ПОЦ.
Службата за непрописно паркирани возила – депото на „Пајак“-службата ќе функционира непрекинато (24/7) во текот на Велигденските празници, како и вообичаено.
Редовната наплата и услугите во дирекцијата на ЈП ПОЦ продолжуваат на 22 април (вторник).