Во тек е владеењето на ретрограден Меркур чие влијание завршува на 15 септември 2023 година.

Без оглед на тоа што шест планети се движат во ретрограден тек, пред некои знаци претстојат светли денови до крајот на годинава.

Според хороскопот, 3 знаци ги очекува прекрасна доза на позитивна енергија, реализација, планови, успеси, награди за труд и среќа на повеќе полиња.

Девица
Девиците во 2023 година искусија некои од најголемите промени, но имале и можност да го покажат својот потенцијал. Можно е да им биде доделен некој сериозен проект, каде ќе мора да бидат одговорни, но трудот наскоро ќе им се исплати. Во наредните четири месеци Девиците ќе ги следи финансиска среќа, ќе отворат можности за развој во кариерата.

Рак
Припадниците на хороскопскиот знак Рак во 2023 година ќе имаат поволности за размислување за промена на својата професија. Можеби интуицијата не ви е јака страна, но ќе мора да ги зграбите новите предизвици. Раковите ќе имаат помош да ги совладаат препреките, но и желба да го зголемат својот животен стандард.

Близнаци
Близнаците во 2023 година ќе доживеат драматични промени, вклучувајќи и можности за промени на работата или преселување во друг град. Иако овие промени со себе ќе им донесат нови предизвици, нив ќе им се отворат и нови можности во пошироко опкружување. Во текот на промените, Близнаците ќе ја запознаат личноста која ќе се покаже како нивен совршен, љубовен партнер.

Годинава ги потсетува Близнаците да не губат верба во љубовта, без оглед на предизвиците кои можеби ќе се појават пред нив.