Во Собранието денеска три последователни седници ќе одржи Законодавно-правната комисија.
На дневниот ред на 86-тата седница преостанати за разгледување се предлог законите за лековите, за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за парничната постапка и за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност.
На дневниот ред на 90-тата седница се предлог законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за адвокатура и за изменување и дополнување на Кривичниот законик.
На дневниот ред на 147-та седница членовите на комисијата треба да расправаат за предлог законите за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, за техничките барања за производите и оцена на сообразност, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за зоотехника, како и за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и за изменување на Законот за финансиска дисциплина.