Скопските пожарникари веднаш одговориле на повикот за помош при гаснење на големиот пожар кој утринава избувна во магацин во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово.

Команданот на скопската противпожарна бригада Ѕвонко Томевски во телефонска изјава за Курир вели дека екипите веќе се пристигнати и работат на терен.

-Во Тетово испратени се три противпожарни возила со целосна опрема и седум пожарникари од Скопје кои веќе учествуваат во гаснењето на пожарот, вели Томевски за Курир.

Како што првично соопштија од СВР Тетово, пожарот кај нив бил пријавен во 09.30 часот.

-Пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.