„Визија за промена“

Во Владата на Република Северна Македонија денес се одржа трибина под наслов „Визија за промена“, на која беа презентирани мерките од Оперативниот план за активни мерки за вработување 2025, со јасна цел: да се запре иселувањето на младите и да се помогне на граѓаните во социјален ризик да се активираат на пазарот на труд.

Владата со нов Оперативен план за вработување: 40 милиони евра за младите и невработените

На трибината говореа министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, и директорот на Агенцијата за вработување, Сељатин Бељули.

Јаневска најави дека Оперативниот план вклучува мерки за доедукација, доквалификација и преквалификација на 600 лица. За ваквата намена се издвоени 70 милиони денари. Обуките ќе траат три месеци и ќе се спроведуваат преку акредитирани организации, во соработка со Центарот за образование на возрасни. Учесниците во програмата ќе добиваат по 12.000 денари месечно, а реализаторите на обуките по 30.000 денари месечно.

  • Идејата е да ги вклучиме невработените и повозрасните во економските текови. Во моментов имаме сериозен недостиг од работна сила, а паралелно со тоа – иселувањето е алармантно. За само седум години изгубивме 17.000 ученици и 7.000 студенти – посочи Јаневска.

Поддршка за најранливите: индивидуални планови за излез од сиромаштија

Заменик-министерот Ѓоко Велковски истакна дека Оперативниот план е насочен и кон маргинализираните категории граѓани, меѓу кои приматели на гарантирана минимална помош, лица со инвалидност, жени Ромки и жртви на семејно насилство.

  • Ќе им се понудат индивидуални планови за развој преку кои ќе добијат насока, поддршка и реална можност за вработување. Целта е луѓето сами да се извлечат од сиромаштијата и да бидат економски независни – рече Велковски.

Директорот на АВРСМ, Сељатин Бељули, најави дека јавните повици ќе бидат објавени наскоро, веднаш по добивање зелено светло од Комисијата за заштита на конкуренција.

Тој потенцираше Бељули дека има веќе план како ќе изведе истото.