Во земјава следува период на стабилно време, освен денеска кога во пладневните и попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во пораст.

Прогноза за 05.07.2021
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 34°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во пладневните и попладневните часови, особено во северозападните делови, ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=7

Прогноза за 06.07.2021
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ=8

Прогноза за 07.07.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 37°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=8