Вимблдон стартуваше во понеделникот со дозволен влез на гледачи до 50 отсто од капацитетот на трибините, а веќе од вторник, кога на програмата се првите четвртфинални натпревари, на централниот и теренот број 1. ќе биде дозволена максимална исполнетост на трибините. Со тоа, турнирот во Вимблдон ќе стане првиот спортски настан во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирус на кој ќе биде дозволен максимален број гледачи.

Британската Влада претходно одлучи да го користи грен-слем турнирот во Лондон како пилот – проект за безбедно враќање на публиката на спортските натпреварувања.