Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11:15 часот полициски службеници од полициското одделение Старо Нагоричане дале знак за запирање на товарно возило сканија со велешки регистерски таблички, по што возачот застанал и избегал.

„При преглед во приколката биле пронајдени 33 лица мигранти – 25 од Сирија, пет од Конго, две од Ирак и едно од Нигерија“, информира МВР кое презема мерки за расчистување на случајот.