Денеска сум на средба со земјоделците од Делчево и еден месец после невремето што го зафати овој регион разговараме со земјоделците за последиците од тоа невреме и за негрижата на МЗШВ и Владата кон земјоделството.

Речиси 30 дена никој од надлежните институции, па ниту министерот не најде време да го посети овој регион, да поразговара со земјоделците и на сите оние кои што имаат поднесено барање до општината веднаш и интервентно да им се исплатат штетите кои што ги претрпеа во ова невреме.

Сакам уште еднаш да упатам сериозен апел до министерот Николовски, до премиерот, до целата Влада, да веднаш на некоја итна седница да донесат одлука за обештетување на овие земјоделци што претрпеа сериозни штети од невремето, но и исто така на таа седница треба одлука и за обештетување од минатогодишните штети кои што го зафатија овој регион, а се уште земјоделците го немаат добиено обештетувањето. Ако сакаме да го задржиме земјоделството, ако сакаме да го поткрепиме македонскиот земјоделец, треба да бидат приоритет они, да не биде луксузот и трошењето на државни пари на скапи автомобили и луксузирање на државен трошок.

Ние како опозиција постојано наредниве месеци како и во минатото ќе бидеме сериозен коректив, и она што постојано го повторувам е дека во иднина некој за ваквата несериозност ќе поведе одговорност, односно некој ќе треба да одговара, затоа што го исчезнаа македонскиот земјоделец, го уништија македонското земјоделство, а Македонија ја направија увозно зависна од храна.