Цветан Трипуновски, претседател на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ при неговото гостување во радио „Лидер“ зборуваше за актуелната тема поврзана со увезениот зеленчук и овошје од Албанија, во кој е забележано присуство на штетни и отровни супстанци далеку над дозволеното. Трипуновски укажа дека ова е многу сериозна работа и нормално некој треба да понесе одговорност за тоа.
-Ова е многу важна тема која мораме да ја запознаеме јавноста, да укажеме до власта дека ова е пресериозна работа која што треба да се корегира и некој нормално да понесе одговорност за ова што се случува, рече тој.
Трипуновски во текот на своето гостување ја објасни целата постапка за тоа како е дојдено до оваа информација дека храната која ја конзумираат граѓаните е штетна за нивното здравје, а тоа е дозволено од страна на власта.
-Во нашите институции за среќа постојат луѓе кои што имаат морал, етика, кои што имаат чувство на одговорност, кои што практично не информираат дека се случува ваква недозволена ситуација во нашата земја, тоа е со увозот на храна која што е контаминирана односно има резиди од пестициди и има тешки метали. Нормално е наша обврска како опозиција е да алармираме дека ова кое што практично дојде до нас е фрапантен податокот и недозволиво да се случува во една нормална држава и е премногу штетно за нашите граѓани. Практично оние анализи кои што ги добивме се од Државната фитосанитарна лабораторија кое што е орган во состав на министерството за земјоделство, кое што практично е една од одговорните институции за контрола односно испитување на храната која што ја конзумираат нашите сограѓани и во овие податоци видовме дека има доста резиди од пестициди кои што се штетни по човековото здравје, потенцираше Трупуновски и во врска со целата ова ситуација додаде дека и лекарската фела односно луѓето стручни од оваа област објаснија што се штетните последици од ова кое излезе од јавноста.
Трипуновски истакна дека иако министерството, владата, АХВ се обиде да го затскрие целиот овој случај сепак тој потенцирал дека сите овие документи се архивирани во лабораторија со архивски број.
-Иако министерството, владата, АХВ, се обидуваше да го затскрие целиот случај, јас упорно во интерес на вистината и објективното информирање дека ВМРО-ДПМНЕ не е креатор на лажни вести потенцирав дека овие документи се архивирани во лабораторијата со архивски број каде што точно стои податоци за клиент, нарачател АХВ, односно инспекторите кои се вработени внатре, со сите податоци и податоци за примерокот. Имаме архивски број на примерок, дата кога е влезен, дата кога е излезен анализата, за која култура се работи испитувањето и така натаму, рече тој.