Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска оствари работна средба со поранешните директори на Државна фитосанитарна лабораторија, Македонски Шуми, Државен инспекторат за шумарство и ловство, Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Агенција за храна и ветерина, АД Водостопанство и Агро берза на кои работните обврски им се директно поврзани со МЗШВ.

На средбата е разговарано за актуелните состојби во земјоделството како и за предизвиците со кои се соочувале во минатото, заклучокот од средбата е дека моментално македонското земјоделство е во најкатастрофална состојба во својата историја и потребно е да се променат многу сегменти во сите области за да може секторот земјоделство повторно да функционира.

Трипуновски соопшти дека постигнал договор за соработка со поранешните директори на институциите и заеднички сплотени да работат на подобрување на условите и решавање на проблемите на македонските земјоделци се со цел враќање на македонското земјоделство на вистинските патеки.