Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Охрид каде што го оствари средби со Здружение на Ловци Охрид и Здружение на риболовци Свети Апостол Петар – Охрид.

-Денеска сум на работна посета во охридскиот регион, само што завршив со средбата со рекреативните риболовци од Охрид. Констатацијата е повеќе од загрижувачка, Охридското Езеро веќе од 2019 година до денес нема извршено порибување на Охридската пастрмка, контролата и заштитата на езерото практично и да не се спроведува, а од друга страна немаме ни концесионер ниту за рекреативен ниту за стопански риболов, изјави Трипуновски.

Трипуновски потсети за еден телефонски разговор кој излезе во јавноста каде што практично се правеше нарачка како да се остави Охридското Езеро на милост и немилост на сите рибокрадци и на нелегален риболов.

-Познатиот бренд Охридска пастрмка се помалку го има затоа што државата изминативе не води никаква грижа. Она што го ветивме пред рибарите е дека по 8ми мај, по завршувањето на изборниот процес и формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваме сериозен фокус во заштитата и обновата на овој рибен фонд, односно управувањето со езерото да биде согласно законската регулатива, заврши Трипуновски.