Цветан Трипуновски преку статус на Фејсбук пишува дека Трајан Димковски десната рака на Николовски и Ковачевски со службено возило на МЗШВ (кое не му следува) во недела се развозува на релација Скопје – Куманово.

„Трајан Димковски десната рака на Николовски и Ковачевски со службено возило на МЗШВ (кое не му следува) во недела се развозува на релација Скопје – Куманово, вели Трипуновски

Наместо да се фатат за работа и да се заангажираат за исплатата на задоцнетите субвенции, да најдат пласман за земјоделските производи, да се справат со африканската чума и со сите наталожени проблеми тие се луксузираат на државна сметка на грбот на македонските граѓани и пред се на македонските земјоделци.

На ваквото расипништво наскоро ќе му дојде крај, а сите кои што го прекршиле законот ќе одговараат!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.