Власта е неодговорна и на ризик го стави целиот фонд на свињи во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира за ризикот од ширењето на Африканска свинска чума веќе три години, но владата во изминатиот период не презема ништо и сега имаме ситуација на ширење на заразата во Република Македонија.

Активно ја следиме ситуацијата со појавата на Африканската чума кај свињите во с. Драмче, општина Делчево.

Дали Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на Република Македонија се на висината на задачата во справување со оваа подмолна и мошне опасна заразна болест кај свињите која може да ја уништи најсветлата точка во македонското сточарство – свињарството?

АХВ и Владата не ја сфатија важноста на имплементирањето на превентивните мерки во спречување на појавата на болеста за кои укажавме уште 2019 година со носењето предлог сет мерки?

Зошто дозволија во пограничните места да имаме свињи кои се шетаат на отворено и одгледувалишта на свињи со висок степен на ризик и ниски биосигурносни мерки како што е случајот во с. Драмче, делчевско?

3 години од појавата и потврдата на болеста во соседна Бугарија не им беа доволно на ветеринарните власти заедно со Владата соодветно да се подготват. Институциите знаеја дека оваа опасна болест чука на врата и не преземаа ништо.

Еве го односот на власта. Ова позади мене е Николче Бабовски, директор на АХВ, кој зборува ситуацијата е под контрола, а позади него на депонија слободно му се шета свиња.

Ваков неодговорен однос кон свињарство не е забележан повеќе од 30 години во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ апелира власта сериозно да пристапи кон проблемот и да ги преземе сите мерки кои ги предлагаме, а се со цел заштита на свињарството.

Една од најважните мерки од предложените сет мерки од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше забрана за чување на свињи на отворено и пристапот до комуналните депонии да биде ограничен. За жал, Агенцијата за храна и ветеринарство и Владата на РМ целосно потфрлија и со својата паушалност загрозуваат стотици милиони евра инвестирани во свињарскиот сектор, односно, загрозуваат повеќе од 145.000 свињи во 4.100 одгледувалишта ширум Република Македонија.

Почитувани,

Уште еднаш апелираме болеста Африканска чума кај свињите е присутна во Република Македонија, одговорните институции максимално да ги зајакнат своите капацитети, вирусот да го ограничат на веќе зафатените региони, се со цел да ги заштитиме големите свињарски фарми во Република Македонија и воопшто свињарството, кое веќе и во моментов трпи економски штети.

Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ