Сите три нуклеарни централи кои сè уште се под контрола на Украина се исклучени од електричната мрежа, соопшти денеска украинскиот нуклеарен оператор, по нови руски воздушни напади врз државата.

Енергоатом во соопштението наведува дека нападите ги активирале протоколите за вонредни состојби во нуклеарните централи Ривненска, Пивденноукраинска и Хмељницка и оти „како резултат сите реактори автоматски се исклучени“ од електричната мрежа.