Здравствени проблеми по убоди на шкорпии имале околу 450 лица, изјавил претставник на египетското министерство за здравство за регионот на Асуан, Ехаб Ханафи.

Невремето проследено со град и грмежи во областа близу реката Нил, каде што дождот е редок, во петокот било особено силно. Обилните дождови по текот на Нил редовни ги носат шкорпиите на улиците на градовите, а понекогаш покрај нив има и масовни појави на змии.

Дополнителни дози од противотровот се испратени во амбулантите во близина на планинските и пустински предели во регионот, а во областа распоредени се и дополнителни медицински екипи.

Локалните власти апелираат до локалното население да остане во своите домови и да ги избегнува површините со многу дрвја.

Убодите од шкорпија ретко се опасни по животот, но мали деца и повозрасни лица се во најголем ризик од појава на сериозни компликации, наведува американската здравствена институција „Mayo Clinic“. Само околу 30 од околу вкупно 1.500 видови шкорпии може да убијат човек.