„Пертамина“, најголемото државно претпријатие и енергетска компанија во Индонезија, соопшти дека пожарот во рафинеријата „Чилачап“ избил во еден од 228 резервоари кои се користат за чување сирова нафта, пренесе АП.

Како што се наведува, причината за пожарот не е позната и нема пријавени жртви, а моментално се вложуваат напори пожарот да се изгасне.

Житечите се евакуирани во селски објект во близина и во џамијата, се наведува во соопштението.

„Чиличап“ е една од шесте рафинерии со капацитет на преработка од 270.000 барели нафта дневно, наведува АП.