Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи околу 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село откако патничко возило излетало од патот во близина на клучката кон село Сачево.
Според информациите од СВР – Струмица, повредените се пренесени на лекување во струмичката болница, а увидот на местото на сообраќајката завршил пред малку.
Заради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин околу еден час и се пренасочуваше по локален спореден земјен пат.
Во 14.55 часот сообраќајот е нормализиран на магистален пат Струмица – село Ново село, на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачево.