Изет Меџити тргнува во политички поход, од денеска стартува со формирање на политичката партија. Со тоа дефинитивно како што веќе објави ТВ 24 расколот со Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта е конечен.

Зад Меџити според информациите од неговиот блок останува чаирскиот градоначалник Висар Ганиу, Саранда Имери и Башким Хасани .Меџити најавува дека новото движење ќе биде само вовед во предизборен опозициски блок м, зашто се очекува и средба неделава со Африм Гаши и Билал Касами.

И додека Меџити нема диелми дека патот понатака е нов субјект, неговите довчерашни најблиски соработници децидни, огнените не стана фракција за да прават нова партија.

– Интенцијата на „огнената група„ не беше формирање нова партија, туку реформирање на ДУИ. Очигледно Меџити тргнал по друг пат, или остварува туѓа агенда, т.е на ВМРО-ДПМНЕ – вели за ТВ 24 висока функционер од блокот на Беџети.

Во албанскиот опизициски блок пак според информациите не с еисклучува нов потрес, односно коалицијата меѓу Билал Касами и Африм Гаши да направи земјотрес во Беса. Според неофицијални информации на ТВ 24, во поделбата на изборните единици меѓу Касами и Гаши, на Алтернатива и паднале правта и втората изборна единица да даде носители, на Беса пак петат и шеста, што би значело дек заменикот на Касами, Аријанит Хоџа би извисил од носител во Скопје.

Според истите информациите токму затао во моментов Алтернатива и Беса не можат да фортмираат пратеничка група, иако заедно пратениците се 5, но еден од нив е во крилото токму на Хоџа.