Поради кршење на дипломатскиот код и поради сомнителни активности спротивни на Виенската конвенција, тројцата руски дипломати кои неодамна се прогласени за персона нон-грата, ќе бидат протерани од Македонија објави порталот Алмакос, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи (МНР).

Според Алмакос, се протеруваат политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кои според изворите на Алмакос извршиле несоодветни дипломатски дејствија.

Тие во следните 5 дена ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија.

Алмакос дознава и дека други специјализирани безбедносни органи го протерале свештеникот на Руската црква В.Змеј.