На патниот правец Штип-Кочани, денеска во 13:00 часот, се случи сообраќајна незгода во која беа повредени тројца припадници на Армијата на Република Македонија. Во инцидентот учествувало армиско возило „Ланд Ровер Дефендер“, кое било удрено од цивилно возило во задниот дел.

Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци

Тројцата војници беа полесно повредени и веднаш пренесени во болницата во Кочани за понатамошни медицински прегледи. Според информациите од Армијата, возилото учествувало во редовни планирани активности, во овој случај смена на стража, кога се случил инцидентот.

На местото на несреќата се пристигнати припадници на МВР и Воената полиција, кои извршуваат увид и го испитуваат случајот.

Извор: Независен