Цела Македонија утре ќе биде во портокалова фаза поради многу високите температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе засилува.

Во попладневните часови локално се очекува развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринските температури ќе се движат околу 15 степени, додека дневната температура во јужните делови од земјава ќе достигне до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.