Завршена обемна реконструкција на одделението за системски прегледи
Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во Институтот за јавно здравје. Ова го изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Го нарече постигнатиот напредок „историски“. Тој нагласи дека директорката, како и целиот тим, одлично ја имаат претставено суштината на реформите.
Наследени долгови и хаос, но сега институцијата е стабилна
Мицкоски откри дека институцијата била затекната со големи долгови и во хаотична состојба, но дека тие се веќе целосно сервисирани. Понатаму, истакна дека не само што се решени долговите, туку е и остварена значајна заштеда.
„Со таа заштеда ќе се реализираат дел од развојните проекти во наредниот период“, изјави премиерот, истакнувајќи ја финансиската одговорност на раководството на ИЈЗ.
Марихуаната е најчесто употребуваната дрога во Македонија, покажува Извештајот на ИЈЗ
Поддршка од Владата и здравствените институции
Премиерот им се заблагодари на сите вклучени – од вработените во Институтот, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, па до членовите на Владата – за нивниот придонес кон унапредувањето на здравствениот систем. Тој подвлече дека реформите во здравството се врвен приоритет на Владата.
Цел – европски здравствени услуги за сите граѓани
Во заклучокот, Мицкоски посака институциите од овој вид да се користат што помалку, но кога ќе бидат потребни, да пружат услуги од европски квалитет и тоа навремено.
Извор: Курир