Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за нова корекција на цените на горивата. Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,33% во однос на последната одлука од 10 февруари 2025 година.
Цените на горивата одат нагоре: Поскапуваат бензините и дизелот
Од 18 февруари 2025 година, од 00:01 часот, следуваат нови цени на горивата:
🔺 ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 0,50 денари и ќе чини 80,00 ден/литар.
🔺 ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за 0,50 денари и ќе чини 82,00 ден/литар.
🔺 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) бележи најголемо зголемување од 1,00 денар и ќе се продава по 74,00 ден/литар.
🔺 Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе чини 73,50 ден/литар.
Пад на цената на мазутот
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,802 денари по килограм, со што новата цена ќе изнесува 47,209 ден/кг.
Новите цени стапуваат на сила од полноќ. Регулаторната комисија ја усогласува цената на горивата согласно движењата на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.
Цените на нафтата се задржуваат на 75 долари, пазарот во неизвесност