Се породи ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија. На свет донела момче, а бременоста успешно ја криеала од јавноста девет месеци.
Анастасија се породила во Шпанија, каде што веќе неколку години живее со својот сопруг, српскиот фудбалер Немања Гудељ.
Двајцата долго време сакаа да станат родители, а сега нивната најголема желба се оствари.
Како што дознава српски „Телеграф“, мајката и синот се чувствуваат добро, а и породувањето поминало во најдобар ред.
Членовите на семејствата Ражнатовиќ и Гудељ се собраа во Севиља, каде што живеат Анастасија и Немања, и заедно ќе го прослават доаѓањето на нов член во семејството.
