Црна Гора на чекор до воведување седумчасовен работен ден
Црна Гора се приближува кон една од најзначајните реформи во областа на трудот – воведување на седумчасовен работен ден. Премиерот Милојко Спајиќ денеска изјави дека имаат направено обемни анализи и консултации со сите засегнати страни. Тој е дециден дека земјата е блиску до постигнување модел кој ќе ги задоволи и синдикатите и работодавачите, објави весникот „Вијести“.
Тој за државната телевизија ги објасни сите детали. Прочитајте ги ТУКА.
Широк социјален дијалог
Во фокусот на оваа најава е претстојниот социјален дијалог што ќе го води министерката за труд и социјална политика, Наида Нишиќ. Таа веќе на почетокот на следната недела ќе започне преговори со претставници на синдикатите и работодавачите за дефинирање на конечната верзија на оваа реформа.
„Намерата е преку широки консултации да се спроведе реформа која ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе овозможи повеќе време за семејството, но и поефикасна и попродуктивна работа“, изјави Спајиќ.
Реформа по моделот „Европа сега“
Спајиќ ја спореди оваа иницијатива со веќе спроведените програми „Европа сега 1“ и „Европа сега 2“, кои беа имплементирани со консензус од сите социјални партнери. Тој нагласи дека токму таквиот пристап ќе биде и сега. Според него со целосна поддршка од синдикатите и работодавачите ќе се премине на новото работно време.
Фокус на достоинството на работниците
Премиерот изрази уверување дека министерката Нишиќ ќе успее да постигне договор во оптимален рок, што ќе ги исполни очекувањата на граѓаните и ќе ја зајакне позицијата на сите вработени во земјата. Целта, според него, е не само реформа на работното време, туку и создавање на услови за подобра работна атмосфера и животен баланс.
Останува да се види дали оваа иницијатива ќе резултира со конкретен законски предлог. Отпосле ќе реагираат засегнатите страни, но засега сигналите од Владата се јасни. Тој заклучува Црна Гора е подготвена за нов, пократок и поефикасен работен ден.
Извор: Независен