До 13 часот денеска во државата се евидентирани три пожари на отворен простор, а еден од нив сè уште е активен, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.

Според информациите од ЦУК, активен е пожарот во атарот на селото Врапчиште, каде што е зафатена ниска вегетација.

Во меѓувреме, изгаснат е пожарот во струмичкото село Добрејци, каде што гореле ниска вегетација и ѓубре. Интервенција имало и на депонија во подрачјето на селото Железница во општина Кратово, каде пожарот исто така е локализиран.