Турското Министерство за надворешни работи го отфрли американскиот извештај за трговија со луѓе, во кој Анкара е критикувана за обезбедување „оперативна, финансиска и поддршка во вид на опрема“ на сириска вооружена група која регрутира деца.

Американскиот Стејт департмент во четвртокот ја обвини Турција и уште 14 земји за употреба на деца војници, и ова е првпат некоја членка на НАТО да се најде на таков список.

Во соопштението се наведува дека Турција „целосно ги отфрла“ ваквите наводи и дека „нејзината совест е чиста“.

Турското Министерство за надворешни работи цитира извештај на ОН во кој се наведени примери за регрутирање и експлоатација на деца во рамките на курдските сириски демократски сили.

Турција тврди дека единиците на сириските Курди кои изведоа голем дел од борбите против Исламската држава се поврзани со курдските бунтовници во Турција, кои повеќе од три децении се борат против турската влада и кои беа обележани како терористи.

Како што пренесуваат странските агенции, американската поддршка за Курдите е „главниот камен на сопнување во Вашингтон и Анкара“.