Турско-катарската делегација, која вчера пристигна во Кабул, постигнала начелен договор со авганистанската страна за управување со аеродромот Хамид Карзаи и четири други аеродроми во земјата, јави агенцијата повикувајќи се на извори.

-По разговорите за време на посетата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на Катар на 7 декември, беше потпишан меморандум за разбирање помеѓу турски и катарски компании за урпавување со аеродромот преку рамноправно партнерство, истакнаа изворите на агенцијата.

Постигнат е консензус за формирање меѓусебни технички тимови, со цел да се утврдат деталите и да продолжат преговорите преку техничките комитети во наредните денови.

-Во текот на следната недела ќе се одржат технички состаноци меѓу турско-катарската делегација од една страна и (привремената) авганистанска администрација од друга страна во врска со деталите на работа, велат изворите.

Наведено е дека турско-катарската делегација, која ќе отпатува од Кабул за Доха, ќе продолжи да работи заедно.