Турција планира да испрати командоси во Косово на 4-5 јуни како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на алијансата КФОР (силите на НАТО) поради тензиите на северот на земјата. Оваа намера ја соопшти турското Министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.

Во изјавата во саботата, Министерството повика на воздржаност и конструктивен дијалог за решавање на кризата, за која рече дека може да и наштети на регионалната безбедност и стабилност.

„Планираме да ја распоредиме нашата доделена единица (баталјон командоси) на Косово на 4-5 јуни“, соопшти турското министерство.

Немирите во северно Косово се интензивираа по изборите во април во регионот со мнозинско српско население, на кои беа избрани градоначалници етнички Албанци. Овој потег ги поттикна САД и нивните сојузници да ја прекорат Приштина.