Во мај низ државата минале 100.977 туристи. Главно странци – 71.259 или 70,6 отсто, додека 29,4 проценти се домашни туристи, односно нивниот број е 29.718, објави Пари.
Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на петтиот месец од годината се остварени 199.984 ноќевања, каде што со 68,6 проценти се доминантни странските, а 31,4 отсто се реализирани од домашните гости. Или соодносот е 137.161 наспроти 62.823.
Од јануари до мај, а споредено со истиот лански период, бројот на туристите е зголемен за 29,4 насто. Статистиката вели дека кај домашните туристи растот е 4,8, а кај странските – 45,9 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата, и тоа за 18,6 насто. Ноќевањата на странците се побројни за 31,9, а на домашните туристи за 0,6 насто.
За туристите, во мај најпривлечни биле езерските крајбрежја. На тие места статистиката евидентирала 43.642 посетители. Од нив 16.274 домашни и 27.368 гости дојдени од други држави.
На втората позиција е Скопје со вкупно 35.399 гости – 4.382 домашни и 31.017 странци.
Хотелите се првиот избор на гостите. Мајските податоци покажуваат за хотелското сместување се определиле 91.833 лица – 24.204 од земјава и 67.629 од странство. Најмалку гости имало во туристичките апартмани, само 32.
Во петтиот месец од годината меѓу странските посетители најбројни биле Турците – 16.412, кои во структурата на гостите-дојденци учествуваат со 23 проценти. Зад нив се Србите, кои во мај дошле Србија 8.643 на број. Следат посетителите од Германија – 4.042, од Хрватска – 4.004, а во топ пет се и тие 2.839 кои дошле од САД. Најмалубројни се туристите од Јужна Африка, 18.