Паѓа вредноста на турската лира непосредно пред изборите.
Таа вчера падна на најниско ниво во историјата во однос на американскиот долар поради неизвесноста околу исходот на претседателските и парламентарните избори што треба да се одржат во средината на мај. Турската валута се намали на 19,5996:1 во однос на американскиот долар. Ова е најниско ниво од создавањето на новата турска лира во јануари 2005 година. Со години турската лира е нестабилна. Таа падна лани, но и претходните години губеше од вредноста. Турција годинава се соочи и со висока инфлација.
За разлика од лирата, доларот и рубљата варираат.