Арбен Таравари ќе ја напушти Владата
По средбата на премиерот Христијан Мицкоски со ВЛЕН се посочува дека Арбен Таравари ќе ја напушти Владата. Ова го објави ТВ Алсат и се повикуваат на сопствени извори.
Заврши средбата Мицкоски-Таравари
Ваквиот епилог се очекува да се случи по продолжението на разговорите што беа најавени вчера по средбата Мицкоски-Таравари, како и по вечерашната средба меѓу Мицкоски и ВЛЕН.
„Конструктивна средба“
Од кабинетот на премиерот беше соопштено дека средбата била конструктивна, во пријателски и партнерски дух.
„Конструктивна средба во пријателски и партнерски дух. Беа разгледани сите реформски прашања, волјата на граѓаните за реформи, борбата против криминалот и промените во системот што ги оставија ДУИ и СДСМ. Граѓаните нема да бидат разочарани. Разговорите продолжуваат“, се наведува во реакцијата.
Претходно реагираше и Зекирја Ибрахими од ААА/ВЛЕН, кој изјави дека непринципиелната политика на две фотелји завршила и дека не може истовремено да се биде и со ДУИ и во Владата, со што се осврна на Таравари.
ВЛЕН-Мицкоски
Во меѓувреме, уште пред да заврши средбата ВЛЕН-Мицкоски, Таравари прв реагираше преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, иронизирајќи го ВЛЕН со кратката порака: „Не вреди“.
Во наредните денови ќе се следи развојот на настаните околу заминувањето на Таравари и понатамошниот тек на ситуацијата.