Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен 56-годишниот А.С. од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик.
Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава
