Случајот неофицијално се поврзува со постапувањето околу пасошот на бизнисменот Борче Марковски, за кое уште летово беше најавено испитување.

Вечерва во Прилеп, од страна на полицијата д лишен од слобода обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола. Според неофицијални информации, случајот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на бизнисменот Борче Марковски.

Дали станува збор за случајност или за постапување поврзано со конкретниот предмет останува да покажат официјалните информации и понатамошната постапка.

Очекуваме официјални информации за вечерниот настан.

Бизнисменот Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, е првообвинет заедно со соработници за тешки злоупотреби и фиктивен тендер вреден преку 1,7 милиони евра за дислокација на станици од рудникот „Осломеј“ во РЕК Битола.

Откако беше ослободен од притвор со гаранција од над 5 милиони евра, Основниот суд во Струга му ја врати патната исправа со образложение дека законски не може истовремено да се задржи имотна гаранција и да се одземе пасошот.

По одлуката на судот, Марковски привремено ја напушти земјата поради деловни обврски во Србија, што предизвика реакции во јавноста за можно бегство.

Иако неговото заминување во Србија предизвика сомневања , неговата одбрана во август годинава изјави дека Марковски се вратил во Битола.

Извор: Плусинфо