Полицијата уапси 32-годишен скопјанец, кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди на подрачјето на Скопје.

„Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба во Скопје го лишија од слобода Ѓ.П.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди“, соопшти МВР.

Според полицијата, тој се сомничи дека кражбите ги извршил на подрачјата на општините Аеродром, Центар и Кисела Вода.

„Од него биле одземени вкупно 12 велосипеди од различни локации и дел од нив биле вратени на сопствениците“, информира МВР.