Српските медиуми пишуваат дека малолетникот Л.Ш. (17) бил уапсен синоќа откако со нож до смрт го избодел М.А. (31), додека тешко го повредил Б.Д. (27) во белградската општина Чукарица.
Осомничениот малолетник го уапсиле инспектори од одделението за убиства и тоа по интензивна потрага.
– Малолетникот пред одредено време се скарал со М.А. и Б.Д. кои го претепале, а првите информации се дека тој долго време ја подготвувал одмаздата и чекал шанса да ги нападне, вели извор за српски „Информер“.