Украинската полиција вчера уапси маж осомничен за шпионажа. Регионалниот гувернер Максим Козицки рече дека човекот снимал ракета која летала кон целта во Лавов и моментот на ударот.
Полицијата на неговиот телефон пронашла и фотографии од контролните пунктови на украинската безбедност во регионот.
Козицки рече дека откриле дека фотографиите биле испратени на два руски телефонски броеви.
Руските сили вчера со ракети го нападнаа индустрискиот погон и складиштето за гориво во Лавов. Најмалку пет лица се повредени.