Вчера во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син.

Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.