На 09.05.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К.(43) од Велес затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
-При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во траење од пет години и 10 месеци во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство, соопшти МВР.
Ѓ.К. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
